Претставници на неколку меѓународни компании во наредните две до три недели ќе ја посетат Македонија на поконкретни разговори пред да донесат конечна одлука за инвестирање.
– До средината на март очекуваме поконкретни средби со компании кои се пред донесување одлука за инвестирање во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, електрониката, чевларската индустрија од Америка, Западна Европа,Турција и Јапонија, изјави за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела ги претстави можностите за инвестирање пред бизнис секторот во Украина, која годинава е прва дестинација каде Владата прави економска презентација.
Директорот Мизо, кој беше дел од делегацијата, истакна дека можностите се претставени пред 200 компании, а интерес поконкретен пројавиле компании од областа на туризмот, експлоатација на минерални суровини, градежништвото, машинското производство, како и извозот на земјоделски производи.
Во делот на туризмот, покрај изградба на хотели, истакнато е и организирање групи од Украина во Македонија, што веќе работи една група, а се очекува да се раздвижи и најновата мерка за субвенции со што Македонија ќе стане поконкурентна дестинација за тамошните туроператори.
Покрај Киев, владината делегација ги посети и Дњепропетровск и Доњецк, кои се индустриски најразвиени региони во Украина.
Меѓу најавените дестинации каде Владата ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија е Јужна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции
-
Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри



