| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ поради велигденските празници ги помести најавени митинзи за денска и утре

vmro-bitola2

ВМРО – ДПМНЕ денеска соопшти дека поради велигденските празници ќе ги помести веќе најавените митинзи за денеска и за утре.

– Поради почитта кон верските чувства на граѓаните кои овие денови ги прославуваат велигденските празници, ВМРО-ДПМНЕ во духот на демохристијанските принципи, одлучи да ги помести митинзите кои требаше да се одржат денеска (18.04.2014) во Македонска Каменица и Делчево и утре (19.04.2014) во Македонски Брод и Кичево и да ги замени со друг тип на активности, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top