Изборниот резултат за Ѓорги Иванов со предноста која што ја има од првиот изборен круг, не е изненадување, туку напротив реална состојба на политичките сили на теренот. Иванка Додовска, политички аналитичар во интервју за Прес24, вели дека единствената вчудоневиденост од изборниот резултат има кај раководството на СДСМ и нивниот кандидат за претседател Пендаровски, но, во овие услови тоа до некаде е и разбирливо бидејќи истите во текот на првиот круг играа на картата на нејаснотии и континуирано се потпираа зад прогнози кои немаа сериозна аналитичка издржаност, што се покажа како мошне погрешно политичко дејствување.
Додовска во интервјуто потенцира дека кај СДСМ се појасно се гледа безидејноста, конфузијата изразена во неделниот говор на Зоран Заев по изборите.
– Говорот на г-динот Зоран Заев во вистинска смисла на зборот претставуваше говор на поразот. Далеку од тоа дека нему не му беше јасно дека повторно врз неговите плеќи ќе се истури товарот на загубата. Но, тоа што се прочита помеѓу редови исто така, беше и очајот од безидејноста, од изгубеноста во преводот, како и неговата изолираност како лидер на најголемата опозициона партија во Република Македонија. Со еден збор, Зоран Заев во неделата на 13 април заврши со донкихотската епоеја и несвесно ја најави својата оставка од кормилото на СДСМ, вели Додовска за Прес24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.