| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидна измама: Пораките до најблиските од децата заробени во јужнокорејскиот брод биле лажни!

juzna koreja

Полицијата во Јужна Кореја соопшто дека никој од учениците заробени на потонатиот брод не испратил СМС порака до своите блиски, односно, дека учениците кои тоа навистина го сториле не се исчезнати. Наводните пораки од исчезнатите деца се дела на морбидна и сурова измама чии автори ќе бидат пронајдени и кривично гонети.

– Ќе ги најдеме луѓето кои ги пишувале овие пораки и ќе бидат строго казнети поради нанесување болка на семејствата  и предизвикување заблуда во потрагата по исчезнатите, соопшти портпаролот на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top