
Шест лица загинаа, а девет се исчезнати во лавина која утрово се случила на Монт Еверест.
Според непалските власти, во лавината загинале најмалку шест луѓе, за кои се верува дека се непалски шерпаси кои во тој момент поправале јаже и се подготвувале пристап до врвот за алпинистите нешто пред почетокот на главната сезона.
-Спасувачките екипи веќе пронајдоа четири тела и се обидуваат да извлечат уште две под снегот, соопштија од Алипинистичкото здружение на Непал.
Исчезнати се уште девет лица за кои се верува дека се затрупани во снегот.
Повеќе алпинисти биле повредени, изјавиле властите, не наведувајќи бројка ниту пак од која националност се.
Лавината се случила на височинаод околу 5800 метри во зоната наречена „поле со пуканки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


