| четврток, 6 декември 2018 |

Очекувано полна сала и на мечот Вардар – Фленсбург

Билетите за реванш четвртфиналниот од ракометната лига на шампиони меѓу РК Вардар и Фленсбург беа распродадени за рекордно време. Тоа е најава за уште еден ракометен спектакл во нашата држава по оној на Металург и Кил.
СЦ „Борис Трајковски“ е претесна за да ги прими сите заинтересирани да го проследат овој натпревар во живо.
Продажбата почна денеска напладне и за рекордно време беа продадени билетите што беа останати во редовна продажба.
Првиот натпревар се игра во понеделник на теренот на противникот, додека реваншот во Скопје е закажан за 26 април.

Екстермно брза продажба имаше и за натпреварот Металург – Кил кој се игра задутре во Сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top