| четврток, 6 декември 2018 |

Некој овде лаже: Црвенковски и Јакимовски со различни верзии

За разлика од градоначалникот на општина Карпош, кој во интервју за ТВ „Канал 5“ изјави дека во два наврата на седници на највисоките тела на СДСМ барал да се оди на избори и јавно апелирал да се оди во битка со власта, лидерот на СДСМ во интервју за „Телма“ изјави дека Јакимовски молчел на состаноците и дека одлуката за кандидатура ја донесол во 15 до 12 во сабота на 16 февруари, откако заедно седеле во кафе-бар во „Сити мол“ во Скопје.

Во интервјуто за „Телма“ Црвенковски изјави дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ, но не прецизираше дали ако партијата побара тој да остане на чело на опозицијата, ќе го прифати тоа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top