| четврток, 6 декември 2018 |

Кил поразен, Фленсбург победи, и двата германски состави ги чуваа силите за Металург и Вардар

Трикратниот европски шампион Кил загуби во генералката пред двомечот со Металург во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а не блескаше ниту Фленсбург, екипа што ќе игра против македонскиот шампион Вардар.

Двата германски состави играа натпревари од Бундеслигата, а Кил загуби со 26-29 од Рајн Некар Левен, додека Фленсбург го победи Вецлар со 23-19.

Кај популарните „зебри“стандардно и очекувано најефикасни беа бековите Јиха со 6 гола и Вујин и Сигурдсон со по 5 погодоци. Диобра вест за ракометарите на Металург е што и формата на Кил е во надолна линија, иако во осминафиналето од ЛШ одиграа моќно против Мотор Запорожје. Тимот ќе биде многу посилен следната сезона, бидејќи ќе го имаат и најдобриот ракометар за 2103 година Домагој Дувњак во своите редови.

Двата четвртфинални дуели меѓу Металург и Кил се играат во Скопје на 19 април и на 27 април во Германија.

Фленсбург победи со аутсајдерот Вецлар, но не блескаше, што им дава надеж на шампионите од Македонија дека ќе можат да го елиминираат двојниот европски вицешампион во два меча. Германските медиуми коментираат дека избраниците на Љубомир Врањеш ги чувале силите за двомечот со Вардар, што ќе одлучува која екипа ќе патува за Келн на завршниот турнир за титулата на најдобрата четворка на стариот континент.

Првиот меч меѓу Фленсбург и Вардар ќе се игра во „Фленс“ арена на 21 април, а реваншот е во Скопје на 26 април.

Егерт и Гландорф со по 6 гола беа најефикасни на дуелот со Вецлар. И Фленсбург и Кил се во трката за трофејот во Бундеслигата. Зебрите имаат 49 бода исто колку и лидерот Рајн Некар Левен, а Кил има еден бод помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top