| четврток, 6 декември 2018 |

На Сити му бега титулата, на Евертон Лига на шампиони

Синоќа беа одиграни два заостанати натпревари од анлиската Премиерлига, а фаворитите Манчестер Сити и Евертон не успеаја да забележат победи.

Во важниот натпревар за борба за титулата Манчестер Сити одигра 2-2 со последнопласираниот Сандерленд. На четири кола до крајот „граѓаните“, со натпревар помалку, заостануваат шест бода во однос на лидерот Ливерпул, а четири зад второпласираниот Челси.

Јунак за Сандерленд беше Конор Викам кој даде два гола и така му даде некаква надеж за спас на неговиот тим.

Фернандињо веќе во втората минута ја искористи асистенцијата на Агуеро за 1-0, сепак гостите во второто полувреме со головите на Викам за 10 минути направија целосен пресврт. Бодот за домаќините го донесе Самир Насри во 88. минута.

Евертон ја пропушти шансата да го симне Арсенал од четвртата позиција. „Карамелите“ на домашен терен загубија од Кристал Палас со резултат 3-2.

Панчон и Дан донесоа убаво водство од 2-0 за Кристал Палас во 49. минута. Нејсмит во 61. минута намали, но само на кратко бидејќи Палас благодарение на Џером повторно имаше предност од два гола. До крајот на натпреварот, Миралаш успеа само да го намали резултатот и да ги постави конечните 2-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top