| четврток, 6 декември 2018 |

Басеску сака Молдавија да се обедини со Романија

baseskuu

Романскиот претседател Трајан Басеску сака Република Молдавија да се обедини со Романија, ако тоа го сакаат граѓаните на Молдавија.

Тој наведе дека тоа би можело да стане реалност доколку граѓаните на Молдавија тоа го сакаат и барањето да потекне од Кишињев.

Басеску посочи оти поголемиот број на Молдавци не сакаат обединување со Романија, но 80 проценти од Романците тоа го сакаат. Тој истакна и дека кога ќе му истече претседателскиот мандат ќе се пријави за молдавско државјанство.

– За Молдавците обединувањето со Романија би можело да биде алтернатива за долг пат до пристапувањето во ЕУ – рече Басеску.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top