| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Продолжуваме со грижата за пензионерите

pisev

Васил Пишев денеска ги претстави мерките и проектите кои ВМРО -ДПМНЕ ги има испланирано во новата програма „Проверено“ а кои се посветени на пензионерите.

Како такви Пишев ги спомена бесплатното банско лекување, покачувањето на пензиите, бесплатните здравствени прегледи, отворањето на дневни центри, ефтините лекови и многу други слични мерки, кои како што нагласи, се веќе проверени.

-Но, тука не застануваме, продолжуваме со нови мерки, бидејќи нашите пензионери, нашите баби и дедовци секогаш биле наш приоритет, Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме со зголемувањето на пензиите за вкупно 21,5 % во следниве години, бесплатната банска рекреација ќе продолжи, бесплатниот туристички викенд ќе биде уште еден нов проект, лековите ќе продолжат да се намалуваатв- истакна Пишев.

Тој нагласи дека грижата пензионерите ќе продолжи и во иднина со многу мерки и проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top