| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во Запорожје меѓу прокиевски и проруски активисти

ukrajina_rusija_krim

Повеќе од 1.500 припадници на десничарската украинска националистичка група „Десен сектор“ денеска во Запорожје пет часа блокираа околу 200 приврзаници на идејата за федерализација на Украина, соопшти претседателскиот кандидат Олег Царов.

Во Запорожје беа закажани два митинзи – на приврзаниците на федерализацијата и на поддржувачите на новите власти во Киев. Провладините активисти, потпомогнати од членови на „Десен сектор“, ги опколиле „федералистите“ и
пет часа ги држеле блокирани. Тие врз своите опоненти мавале со шишиња и камења.

Царов тврди дека во инцидентот се повредени 48 лица, меѓу кои и тројца полицајци.

– Полицијата успеа да договори ослободување на жените и децата, кои ги качија во тролејбус, но член на „Десниот сектор“ фрли гасна бомба во тролејбусот – посочи Царов.

Судските власти во Луганск и во Киев имаат подигнато обвинение против Царов за сепаратизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top