| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Ќе се градат нови затворени пливачки базени

jakkuloska

Гордана Јанкулоска, носителката на листата во iзборната единица 3, денеска се сретна со граѓаните од скопската населба Манаџари, каде што презентираше дел од проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Младите се движечка силa и промотор на новите вредности на општеството и државата. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се предвидува изградба на терени, еден од нив ќе биде токму во Гази Баба. И не само тоа, во Гази Баба ќе биде изградено и повеќенаменско игралиште за најмладите – изјави Јанкулоска.

Таа додаде дека во следниот период ќе се инвестира во изградба на нови затворени пливачки базени. Со тоа, како што нагласи Јанкулоска, директно ќе се поддржат професионалните спортисти и ќе се помогне за унапредување на професионалниот спорт, но и ќе го поддржат и ќе го подобрат масовниот спорт и спортот за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top