| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските новинари ја добија пресудата за „Големото уво“

golemo uvo

Судот во Стразбур потврди дека 17 новинари, кои беа жртви во аферата „Големо уво“ која се откри во 2000 година, а биле прислушкувани од службите за безбедност за најмногу три месеци од државата треба да добијат по 1.850 евра отштета, објави Канал 5.
– Судот донесе одлука за тој предмет. Нема утврдено повреда по Членот 6 кој се однесува на фер судење, а донесена е одлука само во делот за судење во разумен рок, односно дека постапката на апликантите. Според судот, спорот во Македонија траел долго и на секој поединечно им е досуден износ од 1.850 евра. Апликациите беа доставени минатата година. Со застапникот на новинарите беше направена спогодба која што беше прифатена од нивна страна и сега ни пристигна одлуката и треба да се исплатат средствата во рок од три месеци откако е пристигната одлуката – изјави Костадин Богданов, владин агент во Европскиот суд за човекови права.
Аферата „Големо уво“ ја откри лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски кој обелодени стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати, кои биле прислушувани. Скопското обвинителство отвори постапка за тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска и началникот во МВР, Александар Цветков, но претседател Борис Трајковски ги аболицираше.
По долги години судско докажување Скопска двојка пресуди по шест илјади евра отштета за секој новинар. Во 2006 година адвокатот на новинарите Димитар Дангов ја поднесе апликацијата за судење во неразумен рок во Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top