Раководство на РК Вардар ги информира своите симпатизери дека првиот натпревар од четвртфиналниот дуел со Фленсбург во рамките од Лигата на шампионите што се игра во понеделник на 21 април (понеделник) во 19.00 часот може да го проследат на големиот видеобим на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
РК Вардар ги повикува во што поголем број љубителите на ракометот да дојдат на плоштадот и да им дадат поддршка на ракометарите во еден од најважните натпревари оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.