Полицијата го уапси 34-годишниот Д.Р. од Скопје, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој поради примање поткуп. Според МВР против приведениот е поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
Пријавениот, во својство на службено лице, а заради стекнување со противправна имотна корист, во текот на минатиот месец побарал парични средства во износ од 200 евра од оштетен државјанин на Р.Македонија за да му посредува во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку ИПАРД програмата и да добие субвенции за купување на земјоделска механизација – трактор.
Оштетениот на 18 мартго пријавил случајот во МВР. Завчера (14.4.), осомничениот околу 20.00 часот остварил средба со оштетениот во угостителски објект лоциран во населба Аеродром, при што покрај потребната документација за добивање субвенции за купување на земјоделска механизација – трактор ја примил и претходно побараната парична награда во износ од 200 евра, кои потоа заедно со документите ги ставил во бела папка.
Веднаш потоа, врз основа на Наредба за претрес на лице, при што при личниот претрес кај пријавениот, кој во тој момент се уште се наоѓал во угостителски објект, во белата папка пронајдени се четири банкноти во апоени од по 50 евра кои претходно беа технички обработени како и документацијата во фотокопија.
Исто така постапено е и по судска Наредба за претрес на дом и други простории, и извршен е претрес во неговиот дом во населба Аеродром, каде пронајдена и одземена е разновидна службена документација од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за што е издадена потврда за привремено одземени предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


