| четврток, 6 декември 2018 |

Потрага по манијакот од Нови Сад што силуваше куче

Полицијата од Нови Сад реагираше веднаш со отстранување на видеото од „Јутјуб“, кое вчера ја згрози балканската јавност. Станува збор за видеоснимка на која средовечен  маж злоставувал куче на дива плажа среде Нови Сад.

Инспекторите работат на откривање на идентитетот на човекот. Неговото лице јасно се гледа на видеото, кое, наводно, го снимил вработен во новосадскиот „Водовод и канализација“.

Во согласност со српските закони, на манијакот му следува пријава за кривично дело злоупотреба и мачење животни. Казната е затвор од максимум една година.

Казна и пријава му се заканува и на лицето што ја објави снимката на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top