Рускиот претседател Владимир Путин предупреди, во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, дека ескалацијата на судирите во Украина ја довела земјата на работ на граѓанска војна.
– Остра ескалација на конфликтот, во суштина, ја доведе земјата на работ од граѓанска војна – се наведува во соопштението на Кремљ за телефонскиот разговор меѓу Путин и Меркел, на иницијатива на Берлин.
Меркел и Путин го истакнаа значењето на утрешните разговори меѓу САД, ЕУ, Русија и Украина во Женева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.