| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатно предавање за бременост во „Даре Џамбаз“

Edukacija

Работилницата „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“ ќе се одржи во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ на 24 април, четврток, во 18 часот. Работилницата ја организира Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“ од Скопје.

Досега работилницата ја посетила повеќе од илјада бремени жени и нивните партнери.

Бременоста е многу значаен период од животот на секоја жена и на секое семејство. Таа треба да се доживее, да биде придружена со себеспознавање и откривање на родителите во нас. Токму затоа, за сите бремени жени и нивните партнери треба да бидат достапни најважните информации за бременоста, да се даде одговор на нивните прашања, со можност за комуникација и размена на искуства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top