| четврток, 6 декември 2018 |

Годишно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

KOMORA_MAKEDONSKO_BUGARSKA

Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе одржи годишно собрание на кое дел од темата ќе бидат двете приоритетни иницијативи на МБСК – организирање два бизнис-експо форума за кредитирање на извозноориентираните компании од двете држави, како и формирање заеднички инвестициски фонд за стимулирање балкански продукт во освојувањето трети пазари.

Првиот регионален собир со учество на локалните власти од меѓуграничните региони, информираат од МБСК, ќе се одржи кон крајот на јуни во Штип.

Во партнерство со Бугарската трговско-индустриска комора, која застапува интереси на неколку илјади фирми од Бугарија, во Софија кон крајот на октомври ќе се организира деловна презентација на сите идеи за зголемување на билатералната економската размена и заеднички настап на пазарите на ЕУ.

Македонско-бугарската стопанска комора, како што се наведува, иницирала посеопфатна соработка на двете државни банки за кредитирање, чиишто финансиски продукти треба да бидат презентирани на деловната средба во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top