СДСМ соопшти дека попладнево имало обид за инцидент во Лисиче за време на средбата на нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски со жителите на таа скопска населба.

– СДСМ најостро реагира на денешниот обид за инцидент од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ при средбите со граѓани на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во населбата Лисиче во Скопје. По вербалните провокации, избегнати се посериозни последици, соопшти партијата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди чинот на насилство врз претседателскиот кандидат на СДСМ Пендаровски.
– Ги повикуваме институците веднаш да ги најдат и казнат сторителите. Се работи за изолиран случај кој треба и мора да се казни, соопшти партијата по објавените информации за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


