| четврток, 6 декември 2018 |

Студент заклал петмина на забава во Канада

Учесник во студентска прослава во канадскиот град Калгари со нож уби петмина од присутните на забавата.

Полицијата соопшти дека три лица загинале на самото место на инцидентот, а двајца им подлегнале на повредите во болница. Сите жртви се на возраст од околу 20 години.

Убиецот е уапсен и сослушан од истражните органи, но мотивите за злосторството се уште не се познати.

Студенти од Универзитетот во Калгари биле собрани на годишна прослава, а бројот на присутните не е соопштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top