| четврток, 6 декември 2018 |

Почина и шестгодишно девојче во сообраќајката кај Битола – постарата сестра се бори за живот

И покрај обидите за реанимација, шестгодишното девојче кое беше дел од тешката сообраќајна несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, го загуби животот. Нејзината постара 16-годишна сестра сѐ уште е во критична состојба на интензивна нега. Нивната мајка почина на лице место.

Мајката и двете ќерки се од Ресен. Тие се возеа во „тико“ со охридски регистерски талици и директно се судрија со патничко моторно возило „форд-ескорт“ со битолски регистерски таблици, во кое се возеа татко и син од Битола. И двајцата се повредени и  сѐ уште се  во медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола

Се работи за 66-годишниот В.А. и неговиот син С.А. (44)

Сообраќајната несреќа се случи денеска околу 13.10 часот кај бензиската пумпа „Лукоил“ на излезот од Битола во правец кон Охрид.

Од СВР Битола информираат дека по извршениот увид, сообраќајот е нормализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top