Убав ден за двете сестри близначки Кристина и Каролина Плишкови што го одбележаа со две победи на тенискиот турнир во Куала Лумпур, Малезија.
Талентираните чешки тенисерки родени на 21 март 1992 година, славеа двојно денеска, а пријатни мигови најави Кристина со победа против Тамеа Бабош со 2-1 во сетови. Нешто подоцна попладнево и Каролина Плишкова се пласираше во осминафиналето со триумф од 2-0 против Александра Круниќ.
Интересно е што сестрите близначки можат ад играат меѓусебе само во финалето, во меч за титулата во Куала Лумпур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.