Специјализираниот спортски портал гол го избра македонскиот репрезентативец Николче Новески во најдобриот тим на 30 коло во германската Бундеслига.
Овие почести Новески ги заслужи бидејќи беше фантастичен за својот тим Мајнц во победата над Вердер од 3-0. Со оваа победа Мајнц на четири кола до крајот на првенството ги задржа шансите за излез во Европа следната сезона. Освен Новески друштво во одбраната му прави и неговиот соиграч Зденек Поспех.
Разбирливо најмногу играчи во идеалниот состав има од Борусија Дортмунд која во дербито на Германија го совлада лутиот ривал Баерн Минхен со 3-0 на Алијанц арена. Покрај одбрамбените играчи Матс Хумелс и Ерик Дурм со кои ја сочинуваат одбраната, од Борусија уште се избрани и Хенрик Мктаријан, Марко Ројс и Пјер-Емерик Абумејанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.