Капитенот на Челси Џон Тери изјави дека за „сините“ најважно е да продолжат да победуваат во Премиерлигата, но додаде и дека не ја држат судбината во нивни раце кога е во прашање шампионската трка.
– Многу е тешко, но мораме да продолжиме со победи. Сепак, сега ги немаме работите во наши раце. Потребно ни е Сити да загуби или да одигра нерешено на еден натпревар, а нас не чека гостување кај Ливерпул. Ќе биде ова тежок финиш на сезоната – изјави Тери.
Екипата на Челси викендов го победи Свонси со 1-0 и го задржа второто место на табелата со два бода помалку во однос на лидерот Ливерпул. Третопласираниот Сити има пет бода помалку од Челси и седум од Ливерпул, но има два натпревари помалку.
„Сините“ во сабота ќе го дочекаат последно пласираниот Сандерленд, а три дена подоцна во Мадрид го игра првиот полуфинален меч од Лигата на шампиони против Атлетико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.