Напаѓачот го дислоцира своето рамо откако падна незгодно во победата од 5-0 над Свонси.
Италијанецот на Твитер откри дека го послушал советот на својот соиграч Лукас и отишол на “калоричен третман”.
Борини постави слика од неговиот “Big Tasty” бургер оброк со следнава порака до играчот од средниот ред:“Го послушав твојот совет”.
Лукас кој и самиот беше отсутен оваа сезона повеќе од два месеци, му одговори: “Одлично, пријателе. Сега можеш да се опуштиш”.
Борини до сега не успеа да ги оправда 10.5 милиони фунти потрошени за неговото доведување од Рома минатото лето.
Италијанецот (21) помина три месеци надвор од терените откако имаше фрактура на ногата минатиот октомври а на малкуте прилики кои му ги даде Роџерс не импресионираше, постигнувајќи само еден гол и тоа во Лига Европа против екипата на Гомел во август.
На пораките за побрзо опоравување на твитер, одговори: “Им благодарам на сите…немам што повеќе да кажам”.
Лукас подоцна додаде:“Остани силен, сите сме со тебе”.
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


