Премиерите на Србија, Ивица Дачиќ, и на Косово, Хашим Тачи, ќе се состанат утре околу пладне, прво одвоено со Ештона, а потоа на заеднички ручек, по што дијалогот и формално ќе почне, дознава Танјуг од Европската комисија.
Служебник на ЕК кој побара анонимност, изјави дека е сосема веројатно дека заради сложеноста на проблематиката разговорите ќе продолжат и во среда.
-Ова ќе биде досега најтешката рунда, рече овој функционер на комисијата.
Претходно и од Белград и од Приштина беше најавувано дека оваа рунда примарно ќе биде насочена на прашањето на институциите на северот на Косово што Приштина ги нарекува паралелни, а тоа се пред се судовите, даночната управа и безбедносните структури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Дачиќ: Не го даваме образот, Уставот и Косово за европски морков
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели