Фудбалерите на Атлетик Билбао на домашен терен ја победија Малага со резултат 3-0.
Веќе во четвртата минута Билбао поведе кога Адуриз по изведениот корнер со глава ја погоди мрежата. Адуриз во првата минута од вториот дел на натпреварот зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Херера во 62. минута.
Билбао со оваа победа ја задржа предноста од шест бода во однос на Севилја и цврсто ја држи четвртата позиција на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.