| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус го реши Удинезе за десет минути

Фудбалерите на Јувентус на гости славеа над екипата на Удинезе со резултат 2-0 во последниот натпревар од 33. коло во Серија А.

Екипата од Торино двата гола ги постигна за десет минути, Џовинко во 16. минута ги донесе гостите во водство, а Љоренте во 26. минута ги постави конечните 0-2.

Јувентус направи важен чекор кон титулата бидејќи на пет кола пред крајот има осум бода повеќе од второпласираната Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top