Главниот и одговорен уредник на весникот „Слободен печат“ и координатор на порталот „Плусинфо“, Бранко Героски, денеска остро ги нападна функционерите на СДСМ коишто го убедувале да се смири со Саше Аналитико тврдејќи дека тој е корисен за партијата во битката со власта.
Во својата објава на „Фејсбук“, Героски со безобразни зборови им се обраќа на функционерите во СДСМ што уплаќале пари на неговата жиро-сметка.
„Ало Бихаќка. Ало заевисти и сашевисти. Ало мудоњи. Ало сите вие кои бевте заљубени во интергалактичката храброст на Саше Политико, сега од Народното движење на Македонија. Ало сите вие кои уплаќавте пари на неговата жиро-сметка да му ги платите тужбите. Ало сите вие кои сакавте да ме помирите со оваа будалетинка и не ми верувавте дека ќе ви го удри к*рот кога ќе ви биде најтешко“, пишува Героски во својот профил на „Фејсбук“.
Тој во продолжение го цитира текстот на Саше политико:
„СДСМ има инфраструктура, има мрежа, има база, има колку толку пари, има колку толку пристап до медиуми. Со фајтерски интелигентен настап, со чисто раководство кое нема да има ни најмала дамка на своето CV, Грујо ќе падне за една година. Заев и Рада пред заминување барем нека загинат со борба храбро, нека го начнат паторот, друг ќе го докрајчи. Друг некој, без тендери и аболиции и кичми, без Дајнерс дубари, без џипови паркирани у гаража ќе го смени паторот. Некој кој нема да го милува Ахмети како да му е сестричка, некој кој нема да се гледа со странците секој ден како да е емисар на Уницеф во земјата а не лидер на опозиција која треба да биде блиска со народот.“
На крајот Геровски заклучува:
„ПС. Си го баравте со боринче. Патем речено, во колумната Саше бил во СДСМ да даде фактура за некое банерче што го објавувал. Предлагам Бихаќка да му ја испчлати веднаш. На момчакот му требаат пари за вториот дел од кампањата. Ах да, и млеко…“
Кога говори за млекото Геровски мисли на апелот на Саше политико да му се уплаќаат пари за да може да купи млеко за неговото дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.