| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го бараше по секоја цена, а сега молчи за мастилото за обележување на гласачите

Два дена откако  активисти и медиуми на опозицијата ја обвинија  владата дека мастилото со кое се обележуваа гласачите на денот на изборите може лесно да се избрише, СДСМ молчи на оваа тема.

Лидерот на партијата Зоран Заев на прес конференцијата по убедливиот пораз читаше дека се работи за „системска кражба“ и „невиден фалсификат“ но ниту тој ниту други претставници на СДСМ не го споменаа мастилото.

Причината за молкот на најголемата опозициона партија за мастилото, кое што според опозициските медиуми и активисти можело лесно да се извади од палецот со користење на хигиенски средства и ацетон, е едноставна.

Користење на мастило за обележување на гласачите што е замена за невидливиот спреј кој што во минатото членовите на избирачките комисии можеа да го видат само со ултравиолетова лампа, беше предлог на СДСМ.

Синото мастило е дел од пакетот промени на Изборниот законик и не само што СДСМ инсистираше на негово користење туку тоа беше услов за да мине целиот закон.

Според извори на „Република“ од двете најголеми партии СДСМ бил подготвен да пропаднат договорите за целиот изборен законик доколку ВМРО – ДПМНЕ одбие да се користи мастило на денот на изборите.

Уште една причина зошто СДСМ молчи а на денот на гласање од нивниот штаб со СМС пораки од нивните медиуми се бараше да не се говори на оваа тема и да се повлечат веќе објавените текстови, е фактот што набавката на мастилото не е направена од ВМРО – ДПМНЕ, владата или други државни институции  туку од Државната изборна комисија каде што претседател е претставникот на СДСМ Никола Рилковски.

Токму тој е одговорен за изборот, квалитетот и начинот на набавка на мастилото на кое толку многу инсистираше СДСМ а за чие наводно лесно бришење нивните медиуми се обидоа да ја обвинат ВМРО – ДПМНЕ.

Според дел од медиумите и активисти на опозицијата кај дел од лицата кои што биле обележани со мастилото тоа лесно можело да се избрише. Со тоа се отвора можност токму тие што го набавиле истото да го злоупотребат, особено што бришењето на мастилото кое што некаде беше сино а некаде потемно, беше објавено само кај активисти на опозицијата која што го контролира првиот човек на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top