Денеска е отворен нов СП маркет во Аеродром на ул. Коста Новаковиќ бр. 14. Со голем број попусти и со асортиман над 8.000 производи маркетот уште во првите моменти, привлече огромен број на граѓани. Тие имаа можност да се уверат во квалитетната понуда и услугата на новиот СП Маркет меѓу кои е „Топлотека“ која ќе понуди над 70 врсти јадења: свежо зготвени топли јадења, салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14.

Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук. Новиот СП Маркет ќе работи од 7 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 7 до 20 часот во недела. Располага со 4 каси и зафаќа површина од 335м2.
-Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет, ќе биде вистински одговор на секојдневните потреби на граѓаните, пред се за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени. Новиот СП Маркет ќе располага со широк асортиман на бројни други производи за широка потрошувачка, се со цел да им го олесни животот на граѓаните и да им одговори на нивната лојалност и доверба од почетокот па сè до денес, бидејќи вистинскиот комшија е оној кој е секогаш подготвен да помогне, изјави Марија Тасиќ од одделот за маркетинг на Скопски Пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


