| четврток, 6 декември 2018 |

Рилковски: Нема приговори до ДИК по првиот круг

Nikola-Rilkovski-DIK-int81-3

До Државната изборна комисија (ДИК) нема поднесено приговори од учесниците на вчерашните претседателски избори. Рокот за поднесување на приговори е 48 часа. Никола Рилковски, претседателот на ДИК рече дека официјално ДИК има известување за еден инцидент во Неготино, кога непознато лице искршило гласачка кутија и ливчињата биле расфрлани.

– Гласањето на тоа гласачко место е прекинато, изјави претседателот на ДИК

За инцидентот во Шуто Оризари во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, рече дека членовите на Комисијата биле таму и оти биле информирани од претставник на СДСМ дека во својство на набљудувач Радмила Шекеринска била нападната од Амди Бајрам и неговиот син.

– Таму излегла на лице место и полицијата. Во врска со тој настан ќе почекаме да го видиме исходот од полицијата и од нашите сознанија ќе одлучиме понатаму како ќе постапиме, рече Рилкоски.

Членот на ДИК, Бедредин Ибраими истакна дека има информација дека невладината организација ВЕПРО не ја вршела својата набљудувачка мисија според Кодексот за набљудување и оти на утрешната седница ќе побара повторно разгледување на издадените акредитации на набљудувачите. Претставници на оваа невладина организација, според него, поседувале избирачки список и ги заведувале оние кои го оствариле правото на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top