| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за Вардар – Фленсбург во продажба од четврток

karta

Од четврток 17.04.2014 ќе стартува продажбата на билетите за реванш дуелот од ракометната Лига на шампиони меѓу македоскиот шампион Вардар и Фленсбург.
Цените се со популарни цени од 250 до 500 денари во зависност од местото на седење.
Билетите може да се купат во сите продажни салони на ОНЕ, Југотон ГТЦ, билетарата на универзланата сала и билетарата на СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот се игра на 26.04 во 17 часот. Првиот натпревар во Германија се игра на 21.04.
Ако Вардар успее да слави во четвртфиналниот двомеч, тогаш ќе се пласира на завршниот фајнал-фор турнир во Келн што се игра на почетокот на јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top