| четврток, 6 декември 2018 |

Чомовски: За каква храброст зборуваат во СДСМ ако не можат да се соочат со граѓаните?

comovski-500

Оваа дефиниција на системска кражба на гласови е континуитет на СДСМ и додека не излезат од таа матрица дека некој друг им е виновен, не можат да се свртат кон сопствените грешки, кон пронаоѓање модел во кој ќе се справат со таканаречениот режим.

Ова вчера го изјави новинарот Александар Чомовски во отвореното студио на МРТ по повод претседателските избори.

– Ако мислеа дека со раздвоена кампања, што можеше да изгледа на прв поглед добра, ако мислеа дека само со понуда „граѓанинот пред сѐ“ може да се освои избирачот, тогаш пораката им стигна. Значи, не ги нашле и не влегле во лавиринтите на гласачкото тело, кое веќе е научено и вибрира според понудата која често градира од реална партиска до крајна материјална и коруптивна ситуација. Но, тоа не му дава право на СДСМ да бара алиби во тоа дека граѓаните се исправени пред тортура во која немаат право на свое мислење, на свој став – нагласи Чомовски.

Тој истакна дека не може СДСМ, односно Шекеринска на денот на изборите да оди во Шутка и да ги нервира гласачите,со тоа што ќе поминува таму и ќе ги контролира, а притоа Стево Пендаровски да избега од првата закана дека може да биде соочен со конфликт.

– Тогаш за каква храброст зборуваат ако не можат да се соочат со граѓаните и да влезат во избирачкото тело, да го мотивираат, тоа е суштината – додава Чомовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top