| четврток, 6 декември 2018 |

Хелена Роза: Жените се многу поневерни од мажите

Инспирирани од новиот бестселер во издание на издавачката куќа „Култура“, „Во канџите на неверството“ од Тес Стимсон, познати јавни личности од Македонија дебатираа на тема неверство и споделија искуства за ситуации во кои неверството се појавило во нивните животи.

Како кулминација на промотивните активности поврзани со книгата, која од критиката беше прогласена за најдоминантна книга за 2014 година, на дебатата беа присутни личности од македонската медиумска фела, фанови, како и читатели заинтересирани за тоа што нашите јавни личности имаат да кажат на оваа тема.

– Сакам да признаам дека цела вечер бев неверна, водев љубов со оваа фантастична книга – со овие зборови Тања Алексиќ, професорка по македонски јазик и водител на емисијата „Сексуална азбука“, ја отвори дебатата на која збор зедоа и Петар Ѓошев, Хелена Роза, Бетмен Велит и Наталија Тодоровска.

Опфаќајки низа социолошки и психолошки аспекти кои ја поттикнуваат желбата за неверство во нашата свест, професорката Алексиќ даде вовед за делот кој сите го очекуваа, а беше наменет за споделување на личните искуства на говорниците.

– Како може мажите да се поневерни од жените? Па, секој маж треба да изневерува со жена, што значи дека бројот на неверни или жени што се изневерени е апсолутно поголем – одговори водителката Хелена Роза на коментар од публиката дека мажите се оние што се неверни и дека нивниот број е поголем од бројот на неверни дами.

helena roza

 

Продолжението донесе многу интересни аргументи и реплики, а во дебатата се вклучија сите присутни со свои мислења и ставови поврзани со темата.

Дискусијата отвори многу прашања, но и даде многу одговори околу етичката и моралната димензија на неверството, како и желбата да се биде неверен или да се биде уловен во неверство. Оваа тема е секогаш актуелна, меѓутоа ретко кога отворено се говори за неа. Токму затоа, присутните се согласија дека дебати на табу-теми како оваа се неопходни за нашето општество и дека треба отворено да се зборува за сите теми кои се дел од нашите животи.

Интересниот концепт на промоција на „Во канџите на неверството“ не застанува тука. Од „Култура“ најавуваат уште многу интересни активности поврзани со книгата кои ќе ги изненадат верните читатели на убаво напишаните зборови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top