Одлукаа за бојкот на локалните избори беше една од најтешките во историјата на партијата. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во интервју за Дојче Веле на македонски јазик вели дека не е точно дека со бојкотот граѓаните немаат избор.
„Одлуката за бојкот на локалните избори беше една од најтешките во историјата на партијата. Свесни сме за последиците што таа ги носи и за партијата и за државата. Но, уште повеќе сме свесни за одговорноста што би ја презеле ако со своите постапки станеме соучесници на власта во нејзините намери за инсталирање на партиско-полициски режим, рушење на правната држава и газење на демократијата. По настаните од 24 декември секакво релативизирање и глумење на нормалност, секаков обид работите да се заборават, не би било ништо друго туку давање на „зелено светло” на Груевски и „фамилијата” да продолжат со своите погубни политики. Не е точно дека со бојкотот граѓаните ќе немаат избор. Тие го имаат и се наоѓаат пред клучниот избор. Дали молчешкум и со наведната глава ќе се согласат да живеат во страв и без било каква прерспектива или ќе се решат да пружат отпор, да си ја вратат државата назад. Да ја одбранат слободата, демократијата, правдата, иднината, своја и на своите деца. А тоа е најважниот избор“ – вели Црвенковски за Дојче Веле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.