Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска избега од одговорноста за поразот во првиот круг од претседателските избори, во кој според првичните резултати од ДИК, актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов убедливо го победи кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со над 120.000 гласа разлика.
На синоќешната прес конференција во седиштето на СДСМ на Бихаќка се појавија лидерот на партијата Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, додека Радмила Шекеринска ја немаше да поднесе одговорност за катастрофалниот пораз на нејзината партија.
Иако Шекеринска секогаш е со Зоран Заев и го придружува како негова заменичка, сепак кога дојде убедлив пораз, таа го остави сам да излезе со Пендаровски и сам да ја преземе одговорноста за изборните резултати, кои се катастрофални за најголемата опозициска партија во пресрет на предвремените парламентарни избори на 27-ми април.
Шекеринска не собра храброст да излезе и да се обрати, додека Заев во краткото обраќање рече дека не очекувале вакви резултати и дека “ова не е волја на народот“. За разлика од Шекеринска, Заев и Пендаровски излегоа пред јавноста, иако никој од нив немаше храброст и доблест да му ја честита убедливата победа на Иванов во првиот изборен круг, туку искажаа многу гнев, ароганција и дрскост.
Наспроти обвинувањата на Заев дека власта ја спречила волјата на граѓаните, лидерот на СДСМ уште синоќа беше директно демантиран од претседателот на ДИК Никола Рилкоски, кој е нивни кадар, дека изборите биле мирни со само еден регистриран инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името



