Продолжува кампањата за предвремените парламентарни и за вториот круг претседателски избори.
По победата на првиот изборен круг од претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржат митинзи за предвремените парламентарни и за вториот круг претседателски избори во Струга со почеток во 18.30 часот и на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 20.30 часот.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе остварат средби со граѓани во Ресен во 15.00 часот и во Вевчани во 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



