
Меган Хантсман
Жена од Јута, 39-годишната Меган Хантсман е обвинета дека убила седум бебиња, а нивните тела ги сокрила во гаража.
Нејзиниот поранешен сопруг, со кого живеела до 2011 година ,чистејќи ја гаражата нашол кутија со мртво дете. Несреќниот маж вадел кутии од гаражата бидејќи сакал да се врати во куќата што им припаѓала на неговите родители, а од која Меган не сакала да се отсели. Во куќата се ширела неподнослива смрдеа. Откако ја нашол кутијата со мртвото дете, веднаш ја повикал полицијата, која пребарувајќи ја куќата, гаражата и околината и пронашле уште шест деца. Истражните органи изјавија дека се работи за „исклучително потресно и емотивно исцрпувачки случај“.
Полицијата не потврди дека Хантсман е мајка на сите седум деца, но веднаш била приведена. Бебињата биле родени меѓу 1996 до 2006 година.
Хантсман има три ќерки од 18, 20 и од 13 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


