Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на украинскиот претседател да ја мобилизира армијата против демонстрантите во источна Украина, е „криминална наредба“.
Тие бараат итна седница на Советот за безбедност на ОН поради таквата одлука на властите
во Киев.
Украинските власти планираат „сеопфатна антитерористичка операција“ со учество на вооружените сили против проруските сепаратисти во источна Украина, објави денеска времениот претседател Олександар Турчинов.
Во телевизиско обраќање пренесувано во живо од парламентот, тој нагласи дека Русија води војна против Украина предизвикувајќи безредија во источните делови од државата.
– Советот за национална безбедност и одбрана одлучи да се почне со сеопфатна антитерористичка акција со учество на вооружените сили на Украина, нагласи Тучинов.
– Нема да дозволиме да се повтори Кримското сценарио во источните делови од државата…Во војната што Руската федерација ја води против Украина, беше пролеана крв на украински херои. Агресорот не запира и продолжува да предизвикува немири во источните делови од Украина, потенцира Турчинов.
Тој вети дека оние кои доброволно ќе го предадат оружјето до утре, нема да бидат законски казнувани.
Советот на Европа чии членки се Русија и Украина, изрази загриженост од ескалацијата на тензиите во Украина и ги повика сите страни да се воздржат од насилства. Генералниот секретар на паневропската организација, Турбјорн Јагланд истакна во соопштение дека меѓунардоните партнери на Украина треба да ја поддржат државата, за да се најде решение за мир и стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит



