| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Резултатите ќе се знаат пред полноќ

Претставникот на Државната изборна комисија Влатко Сајковски по затворањето на избирачките места вели дека, главно, изборите за претседателски кандидат поминаа во фер и демократски услови.

Точните резултати за одѕивот во сите избирачки места ќе бидат објавени наскоро, а до полноќ ќе се знае и колкав е одѕивот од дијаспората.

Според Сајковски, поради тоа што се работи за претседателски избори, каде што изборот беше меѓу четворица кандидати, пребројувањето на гласовите ќе се одвива многу брзо. Тој смета дека информации за конечните резултати би требало да има и пред полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top