| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, им честитаме на граѓаните

vmro-dpmne1_1

Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија. Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, забележана е многу мала техничка неправилност во смисла на одредени недостатоци околу документацијата, но обемот на сето тоа е во исклучително мали димензии.

– Многу помалку од кога било досега. Во секој случај за нас овие избори се мирни, фер и слободни и демократски, рече Димовски.

Во однос на настан што се случил во Шуто Оризари, Димовски рече дека не би можеле да го коментира случајот.

– Не би можеле да коментираме затоа што очигледно Радмила Шекеринска вели едно, другите луѓе што биле присутни зборуваат сосема друго.   Институциите да си постапат и да се види што е вистина од тоа што се коментира, изјави Димовски од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top