| четврток, 6 декември 2018 |

Надал има часовник што чини 690 илјади американски долари!

Сите се сеќаваат на луксузниот часовник на светскиот тенисер Рафаел Надал кој чинеше 525 илјади американски долари од марката „Ричард Мил“. Тогаш јавноста коментираше дека Надал носи часовник кој чини многу пари, бидејќи некои не можат за цел живот да заработат толку многу колку што чини часовникот.

Надал сега има уште поскап часовник кој чини ни повеќе ни помалку туку 690 илјади американски долари. Креаторот е ист, „Ричард Мил“. Новиот модел е полесен за само еден грам од стариот и тоа го прави да биде поскап за скоро 100 илјади долари. Стариот модел беше од марката РМ 027 и тежеше само 20 грама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top