Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на денешните петти претседателски избори. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекле во објектот каде што се гласа.
Право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во единствениот избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од четворицата кандидати: Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Илијаз Халими од ДПА, Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и за Зоран Поповски од коалицијата ГРОМ.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17.40 часот бил 41,23 проценти.
Првичните резултати од гласањето Државната изборна комисија ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.
За претседател ќе биде избран кандидатот што на првиот круг од изборите ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена, на 27 април, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати што добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва во Велес претставата „Кожа“ на „Танц фест 2017“
-
Деца спиеле на душеци на подови, цевки од парно им виселе над глава: На две приватни градинки им се заканува затворање
-
Со омнибусот „Правда“ и претставата „Мртва точка“ се затвора 41. МОТ
-
„Охридско лето“ се затвори со концертот „На светот убавина“-музика од театарски претстави на Горан Трајковски



