По една година пауза нашиот најдобар кајакар Атанас Николовски напрви победнички кам-бек со триумфот на 46-то издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом што се возеше викендов на реката Треска кај Матка.
Во дисциплината кајак-едносед Николовски со време од 94,36 секунди го освои првото место пред Хрватите Марко Мркочи и Динко Мулиќ. Во најдобрата десетка во оваа дисциплина изборија уште тројца македонски кајакари. Огнен Дражански на седмото, осми беше Борче Мирчевски а едно место подолу Игор Стефановски. Во Ц1 кај мажите триумф на Зига Таљат од Словенија, во Ц2 во кану двосед победи словенската двојка Петар и Лука Зиндериќ. Кај девојките двојна победа прослави Аљас Козорог од Словенија откако беше најдобра и во кану и кајак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











