| четврток, 6 декември 2018 |

65 проценти излезност во Вевчани, два часа пред крајот на гласањето

Во Општина Вевчани излезноста на граѓаните кои денеска гласаат за избор на претседател на Република Македонија до 17 часот е 65 проценти, информира Општинската изборна комисија.

– Гласачкиот процес до овој момент се одвива регуларно и без проблеми, и се надеваме дека така ќе биде до 19 часот кога ќе бидат затворени и гласачките кутии – вели Даниела Мукоска, заменик-претседател на Општинската изборна комисија во Вевчани.

На петтите претседателски избори во Република Македонија, во Општина Вевчани право да гласаат имаат вкупно 2.069 граѓани на три избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top