На вториот човек на СДСМ, Радмила Шекеринска, очигледно и стана практика лажното пријавување на напади врз неа.
Таа во изјава за портали кои се контролирани од опозицијата тврди дека била нападната од Амди Бајрам во Шутка, но дел од медиумите пренесоа и дека станува збор за исцениран обид на заменик претседателот на СДСМ, бидејќи таа вербално го нападнала Амди Бајрам со пцовки.
Денешниот обид на Шекеринска да прикаже дека е нападната многу потсетува на една ситуација од минатите парламентарни избори, во 2011 година, кога Шекеринска тврдеше дека врз неа е извршен напад со пластично шише.
Mедиумите, според исказите на Шекеринска, тогаш пишуваа дела возилото што ги следело прво блендирало, поради што тие помислиле дека сака да ги престигне. Кога возачот во возилото на СДСМ ја намалил брзината, другото возило застанало паралелно со нивното и од него било гаѓано со пластично шише. Потоа автомобилот застанал, се свртел во спротивен правец и заминал.
Останува отворено прашањето дали на Шекеринска и стана пракса лажно пријавување на инциденти. СДСМ тогаш преку А1телевизија сакаше да креира информација дека Радмила Шекеринска била нападната.
Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш и порачаа на Шекеринска дека со пластично шише не се добиваат избори, да не ги потценува македонските граѓани, зошто тие уште повеќе ќе ги казнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот



