Седумгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, пишува „Утрински весник“.
Детето со велосипед се движело по регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Порој. Додека го туркало својот велосипед, на него налетало возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички што го управувал М.И. (51) од селото Теарце.
Од ударот, детето се здобило со тешки повреди. Возачот на „мерцедесот“ кога забележал што сторил, го зел детето и веднаш го однел во тетовската клиничка болница. Таму му била укажана прва помош, а потоа е испратено на скопските клиники.
Настанот се случил вчера околу 13 часот. Како што дознаваме, иако е со тешки повреди, повреденото дете не е во животна опасност.
Полицијата извршила увид на самото лице и утврдува како се случила несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


